Почетна » Новости » Занимливости » Чкртате несвесно? Графолог открива што кажуваат малите цртежи за вас

Чкртате несвесно? Графолог открива што кажуваат малите цртежи за вас

Имате навика да чкртате додека разговарате на телефон, сте на час или на состанок, или пак, додека едноставно ви летаат мислите кога учите или кроите планови? Малите цртежи кои несвесно ги оставате насекаде може да откријат многу за вашиот карактер и моменталното расположение.

Чкртаници

Графологот Трејси Трасел во партнерство со Samsung откри што кажуваат најчестите чкртаници за личноста која ги црта.

Па, што чкртате обично?

Чкртаници
  • Цветови. Кога цветовите имаат голем круг во средината, тоа значи самодоверба и покажуваат дека сте личност која ужива во добар друшвен живот. Внимателно нацртани цветови издаваат опсесивно-комплусивна личност.
  • Триаголници. Сте моќни, динамични и амбициозни.
  • Кругови. Покажуваат потреба да припаѓате, да сакате и да бидете сакани.
  • Квадрати. Сте практична и приземна личност.
  • Комбинација од геометриски форми (кругови, квадрати, триаголници). Имате комплициран карактер, но сте сестрани.
  • Пајакови мрежи. Откриваат дека сте промислена личност која има огромна способност да ги привлекува луѓето во врски или ситуации.
  • Срца. Се симбол на љубов и романтика и кажуваат дека сте чувствителни, грижливи и нежни.
  • Куќи. Сте семејно ориентирана личност која ужива во стабилноста во животот.
  • Кутии. Покажуваат амбициозност, материјализам и потреба од план за иднината.
  • Наредени кутии една над друга. По стрес сте.
  • Федери или спирали. Откриваат дека уживате во разновидност, ве исполнува креативноста и сакате промени.
  • Облаци. Имате желба да избегате некаде.
  • Шаховска табла или полиња од кои секое второ го боите. Желба да контролирате и потреба од воведување на ред.
  • 3D објекти. Остроумни сте и паметни, ги гледате сите нешта од сите агли и перспективи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.