Почетна » Новости » Занимливости » Часот на Земјата: Дали и вие ќе ги изгаснете светлата?

Часот на Земјата: Дали и вие ќе ги изгаснете светлата?

Денес, по шести пат, иницијативата „Часот на Земјата“ ќе ги згасне светлата низ цел свет. Во периодот од 20:30 до 21:30 по локално време, стотици милиони луѓе кои ќе се вклучат во акцијата ќе го изгаснат осветлувањето, како симболичен гест за поддршка на борбата против климатските промени.

„Часот на Земјата“ ги поттикнува луѓето и компаниите да ги изгаснат светлата и сите други електрични апарати кои не се неопходни во текот на еден час, со цел да се подигне свеста за климатските промени.

За првпат оваа доброволна акција била спроведена во Сиднеј во 2007 година, кога 2,2 милиони луѓе и 2000 компании го изгаснаа осветлувањето. Една година подоцна, „Часот на Земјата“ стана глобална иницијатива во која се вклучија 50 милиони луѓе.

Минатата година 1,8 милијарди луѓе од повеќе од 5.200 градови во 135 земји низ светот ги изгаснаа светлата, испраќајќи силна порака за преземање мерки за зачувување на животната средина.

Иницијативата „Часот на Земјата“ е организирана од World Wildlife Fund, организација чија мисија е да го сопре уништувањето на природната средина и да изгради иднина во која луѓето ќе живеат во хармонија со природата.

Рекорден број луѓе денес ќе поминат еден час во темница. А вие?

Погледнете го официјалното видео кое ќе ве мотивира да се вклучите во акцијата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11222 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.