Почетна » Новости » Занимливости » Храбри жени добија бесплатна трансформација на изгледот од дрогериите dm

Храбри жени добија бесплатна трансформација на изгледот од дрогериите dm

Стотици посетители вчера беа дел од настанот „DAYS of BEAUTY by dm“ кој се одржа во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје, а повеќе од 50 жени добија и бесплатна трансформација на изгледот со најдобрите брендови шминка достапни на нашиот пазар. На шест различни столчиња работеа професионалните мејк-ап артисти: Сим Салтирова, Александра Але Алексовска, Рина Меговска – Алексиќ, Марина Христовска, Милена Косиќ и Небојша Пешевски. Секој заинтересиран посетител имаше можност да направи целосна промена на изгледот и да добие информации за различни видови шминка и препарати за декоративна козметика.

Водител на настанот беше Марко Марк, а „мразот го скршија“ неколку јавни личности кои први седнаа на столчињата за трансформација. Тоа беа водителките Цеце Трајковска, Милена Антовска и Елена Стојановска и блогерките Софија Јанева, Miss Urban Vibe и Даниела Ѓуровска.

dm настан

„Ја сакам декоративната и корективната козметика и воедно сум голема пријателка на дрогериите dm. Постојано ги следам новитетите и козметичките линии и уживам додека избирам производи и испробувам нешто ново, а воедно сакам да сум убаво нашминкана. За жал, досега немам направено драстична промена на изгледот, но пред сè затоа што мојата професија го бара тоа. Но, кога станува збор за еднократна шминка со задоволство би искусила вистинска трансформација“ – вели водителката Елена Стојановска.

Мејк-ап артистите работеа со познатите брендови Max Factor, L'Oréal, Maybelline, Aura, Wet n Wild и trend IT UP, следејќи ги најновите светски трендови кога станува збор за шминката и декоративната козметика. Одредени производи од овие брендови во текот на цел октомври ќе бидат на попуст до 45 отсто во сите dm дрогерии.

dm настан

„Ја поддржувам промената и задоволство е кога ќе видиш средена жена со имиџ кој е во чекор со трендовите. Поради тоа одлучив да бидам дел од овој настан и да им овозможиме на неколку жени да искусат нешто ново и да го променат имиџот. На овој настан работам со главниот германски бренд на дрогериите dm, trend IT UP и мислам дека се едни од најупотребуваните производи од женската популација. Инаку досега со дрогериите dm и со брендот trend IT UP сме работеле повеќе пати и сме многу задоволни од квалитетот на производите поради што сме и долгогодишни соработници“ – вели мејк-ап артистот Небојша Пешевски.

dm настан

Настанот беше дел од кампањата #neverstopchanging чиј фокус е дека промените се составен дел од животот и дека носат свежина, нови сознанија и пријатни искуства.

dm настан

„Настанот беше насочен токму кон тоа да се мотивирааме да ги прифатиме промените како составен дел од животот и воедно храбро да експериментираме со искуствата, како и со сопствениот изглед. Потребно е заедно да пратиме порака дека секој од нас треба да се отвори кон новите текови и да се обиде да внесе свежина во сопственото секојдневие“ – велат од dm.

dm настан

Кампањата #neverstopchanging е само една од активностите на dm дрогериите во овој период. Во следните месеци планирани се уште многу активности, примарно насочени кон потрошувачите и нивните потреби.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.