Почетна » Новости » Занимливости » Фризерка одби да ја избричи главата на девојка во депресија, ѝ подари неверојатна трансформација

Фризерка одби да ја избричи главата на девојка во депресија, ѝ подари неверојатна трансформација

Фризерка добива аплаузи од целиот свет откако одби да ја избричи главата на девојка со исплеткана коса и наместо тоа, ѝ подари модерна фризура.

Девојка Девојка

Кејли Олсон сподели дека неодамна на нејзиниот фризерски стол седнала 16-годишна девојка која неколку години страдала од тешка депресија. Нејзината коса била во ужасна состојба. Девојката ѝ објаснила дека се чувствувала толку лошо што престанала да ја чешла косата и дека станувала од кревет само за да оди до тоалет. Сега решила да си ја избричи главата, бидејќи требало да направи фотографии за на училиште.

Во својата објава на Facebook, Кејли напиша: „Кога влезе, ни рече да ѝ ја истрижеме целата коса зашто не може да ја поднесе болката од чешлање и заради тоа се нарече себеси безвредна. Тоа искрено ми го скрши срцето и дадовме сè од себе за да ја зачуваме косата на ова дете!

„На крајот на краиштата, Сакам ова да биде лекција за луѓето. МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ е важно, ги засега луѓето низ целиот свет, од сите возрасти! РОДИТЕЛИ, сфатете си го сериозно и не ги оттурнувајте децата и не велете им да надминат нешто што реално не можат! ДЕТЕ никогаш не треба да се чувствува толку безвредно за да не сака да си ја исчешла косата.“

„По 8 часа работа вчера и 5 часа денес, конечно направивме ова девојче да се смее и да се чувствува како да вреди нешто! Нејзините последни зборови кон мене беа: Ќе се смеам за моите училишни фотографии денес, ти направи да се чувствувам како себеси.“

Девојка

Постапката на Кејли заслужено наиде на огромен број пофалби.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10403 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.