Почетна » Новости » Занимливости » Фризер секое утро ѝ прави фризури на сопругата, бил заслужен и за нејзината невестинска

Фризер секое утро ѝ прави фризури на сопругата, бил заслужен и за нејзината невестинска

Мет Фугате е еден од најпознатите фризери во светот на славните. Иако редовно ги стилизира косите на популарни дами како Блејк Лајвли, Оливија Палермо и Карли Клос, најомилена клиентка му е неговата сопруга Лора.

Фризер

Парот се запознал кога таа го посетила неговиот салон за убавина. Набрзо се родила нивната врска и тие започнале да живеат заедно, но поради работните обврски, речиси не им останувало слободно време за заеднички активности.

Желбата да поминат повеќе време заедно пред да заминат на работа ги инспирирала да започнат предизвик од 365 дена. Договорот бил Мет да издвојува време за секое утро да ѝ ја средува косата на Лора. „Тоа е оној момент кога можеме да застанеме мирни 15 до 20 минути секое утро... Само ние двајцата и нашето куче кое седи покрај нашите нозе додека тој ми прави фризура. Убаво е. Слично е на длабоко вдишување на свеж воздух пред да се впуштиме во лудилото на нашиот ден. Убаво е што ги имаме тие мали моменти наутро и што го започнуваме денот заедно“ – го објаснува Лора нивниот предизвик.

Фризер Фризер

Предизвикот совршено им одговарал и на двајцата - Лора се радувала што секое утро оди на работа со средена коса, а Мет ги користел нејзините специфични желби за да си ги усовршува техниките. „Таа секогаш сака нешто различно, што е одлично бидејќи ми овозможува да бидам креативен“ – вели тој.

Фризер

Вљубениот пар стапил во брак во април годинава, а невестинската фризура на Лора била дело на Мет. Сепак, тој не го доживеал емотивно моментот на стилизирањето на нејзината коса сѐ додека не ја видел облечена во невестинскиот фустан. „Навистина беше надреално. Таа излезе и беше како моја сјајна ѕвезда. Еднаш во животот и јас останав без зборови. Сѐ уште ме обземаат емоции кога ќе помислам на тоа“ – вели Мет за моментот кога ја видел подготвена својата сакана на денот на свадбата.

Фризер Фризер Фризер Фризер

Останува уште малку од нивниот предизвик, кој трае веќе цели 11 месеци, но Мет вели дека не планира да престане со навиката што ја стекнале за заедничко започнување на денот. „Се чувствувам како најсреќниот човек на светот бидејќи ја имам можноста да ја средувам косата на мојата сопруга секој ден. Се надевам дека ќе трае и ќе трае, сѐ додека не дојде денот да ѝ правам фризура на мојата ќерка или внука. Но, никогаш нема да престанам нејзе да ѝ правам фризури“ – вели Мет.

Фризер Фризер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.