Почетна » Новости » Занимливости » „Фотографирајте ги мајките со нивните деца за празниците... Не е важно како изгледаат, важни се моментите“

„Фотографирајте ги мајките со нивните деца за празниците... Не е важно како изгледаат, важни се моментите“

Прекрасно е кога децата имаат спомени од детството во форма на фотографии за да се потсетат на семејните празнични традиции и на фамилијарните моменти.

За жал, многу често, мајките отсуствуваат од фотографиите заради тоа што „не се во најдоброто издание“. Даниела Лазар се обидува да го промени тоа и им порачува на сите да ги фотографираат мајките без разлика дали тие го сакаат тоа или не.

„Фотографиите не би требало да овековечуваат совршенство, туку реални моменти“ – вели таа.

Мајка

Празничен потсетник: Ве молам, фотографирајте ги мајките со нивните деца додека уживаат во моментите кои ги создаваат.

Дури и ако мајката не сака да биде на фотографијата затоа што не е самоуверена како изгледа во моментот. Дури и ако сака да ја избрише, бидејќи фотографијата е „ужасна“ затоа што има подбрадок и темни кругови околу очите.

Не ѝ дозволувај.

Бидејќи фотографиите не би требало да овековечуваат совршенство, туку реални моменти.

Моменти кои сакаме нашите деца да ги видат кога ќе се навратат на нивните спомени од детството, за да знаат дека таму сме биле заедно, сме правеле празнични колачиња, сме се смееле и сме уживале во меѓусебното друштво.

Секаде се појавуваме за нашите деца, но време е поумислено да се појавуваме на фотографиите.

Бидејќи тоа е важно.

Еден ден, нема да бидеме тука, и иако спомените од нас ќе ги носат во срцата, би било прекрасно ако имаат и фотографии пред кои ќе речат: „Се сеќавам на оваа празнична традиција со мајка ми“.

Еден ден тие ќе знаат дека таа правела сè за нив, а фотографијата од нејзината магија, ќе трае за цел живот.

Па, ако телефонот ви е при рака, баби, дедовци, сопрузи, тетки, стрини, вујковци, блиски пријатели... Направете фотографија.

Мајка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11474 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.