Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Фустани од балони

ФОТО: Фустани од балони

Јапонката Рие Хосокаи е несекојдневна дизајнерка која создава модни креации од балони. Нејзините интересни фустани веднаш го уловуваат и задржуваат вниманието затоа што се мошне креативни.

Иако балоните се евтин материјал, вештата Хосокаи ги продава своите креации за 2000 до 4000 долари. Нејзиниот најскап фустан од балони достигнал цена од 13 000 долари.

Фустани од балони Фустани од балони

Дури и да се убедите некогаш да облечете ваков фустан, освен што ќе треба да бегате од игли и остри предмети, треба да знаете дека фустаните имаат рок на траење. По само 24 часа балоните започнуваат да ја губат својата форма.

Фустани од балони Фустани од балони

Авантуристките не бараат ваков рачно изработен фустан само за забава, туку и за еден од најважните денови во животот – свадбата. Во изминативе две години Хосокаи има продадено 20 невестински фустани изработени целосно од балони.

Фустани од балони Фустани од балони
Фустани од балони Фустани од балони

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10506 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.