Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Спас за жените – чевли на кои им се менува висината на штиклата

ФОТО: Спас за жените – чевли на кои им се менува висината на штиклата

Не постои жена која носела високи потпетици, а да не искусила неподнослива болка по долгото стоење. Сега има спас за жените кои сакаат да излезат со високи потпетици и да можат да се вратат дома без болки во стапалата: обувки со прилагодлива штикла.

На обувките од фирмата Day2Night со притискање на едно копче им се менува висината на штиклата, па можете да излезете навечер со високи потпетици, а потоа да си ставите пониска штикла кога ќе сакате лудо да танцувате. Или пак, можете да пешачите до работа на ниски удобни потпетици, а кога ќе стигнете в канцеларија да се „качите“ на модерна висока штикла.

Чевлите Day2NightЧевлите Day2Night

Се разбира, умната практична идеја доаѓа од жена. Кендис Кејб поради својата работа често патувала и секогаш морала да носи со себе барем неколку пара чевли со различна висина на штиклата. Еден ден гледајќи во високи потпетици добила идеја да се создадат штикли на кои би можело да им се менува висината. Нејзината идеја веднаш станала популарна и Кендис со неа победила на неколку натпревари за стартап бизниси.

Обувките доаѓаат со пет штикли со висина од 4 до 9 сантиметри, кои лесно се менуваат.

Технологијата на чевлите Day2NightТехнологијата на чевлите Day2Night

Засега постои само еден модел достапен за потрошувачите и истиот чини 300 долари. Но, Кендис планира да им ја продаде својата идеја на големите компании, па може да се очекуваат чевли во различни стилови кои ќе ја користат оваа технологија.

Кендис изјавила дека наскоро ќе бидат создадени и обувки со платформа на која ќе може да ѝ се менува висината, бидејќи платформата е популарен тренд во изминативе неколку години.

Се смета дека овие обувки ќе станат хит не само кај бизнис жените, туку и кај невестите или дури и гостинките на свадбите кои нема да мораат да носат во чантите дополнителен пар удобни чевли.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.