Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Скулпторка изработила чоколадна соба

ФОТО: Скулпторка изработила чоколадна соба

Во трговски центар во Калининград, Русија, беше „изложена“ соба на која никој не би можел да ѝ одолее, особено не страсните љубители на чоколадото. Дневната соба била изработена целосно од чоколадо.

Слатката просторија ја изработила скулпторката Елена Климент, а притоа потрошила 420 килограми темно, млечно и бело чоколадо. За една недела таа успеала да создаде 54 различни предмети од кои се навлажнува устата.

Чоколадна соба

Елена признала дека многу било забавно изработувањето на предметите и самиот процес го споредила со создавање на скулптури од мраз. Искусната скулпторка објаснила и дека ѝ било потребно подолго време додека да создаде смеса која нема да се топи на температура од 22-24°С.

Чоколадна соба Чоколадна соба Чоколадна соба Чоколадна соба Чоколадна соба Чоколадна соба

Пред една недела собата била раскршена на парчиња кои им биле разделени на посетителите на трговскиот центар.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.