Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Најскапите продукти за разубавување

ФОТО: Најскапите продукти за разубавување

Козметичката индустрија секоја година привлекува милијарди и милијарди евра. Поради огромниот пазар, компаниите низ светот постојано експериментираат со цел да привлечат што поголем број на клиенти. Но, некои брендови понекогаш целат само кон оние ултра богатите, со предлагање на незамисливо скапи продукти од чии цени може да ни се замати мозокот.

Еве неколку од најскапите производи за разубавување кои доаѓаат со превисока цена:

Маскара и кармин од „H. Couture Beauty“ за 14 милиони долари

Маскара и кармин со дијаманти

„H. Couture Beauty“ вообичаено продава маскари и кармини кои се декорирани со сваровски кристали, но пред неколку години компанијата доби специјална порачка да изработи маскара и кармин со дијаманти. Маскарата била изработена од 18-каратно злато и прикриена со 2.500 сини дијаманти, а карминот бил украсен со 1.200 розови дијаманти.

Лак за нокти „Златна треска“ за 130.000 долари

Златен лак

„Models Own“ пушти во продажба златен лак чие капаче е украсено со повеќе од 1.100 дијаманти.

Кармин со дијаманти за 62.000 долари

Дијамантски кармин

Скапиот кармин на француската козметичка куќа „Guerlain“ не е ништо необично, но неговата надворешност е специјална. Тој е поставен во златна „туба“ декорирана со 199 дијаманти, рубини и смарагди.

Лак од платина за 55.000 долари

Лак од платина

Лакот за нокти „I Do“ содржи платина во прав, што ја „оправдува“ неговата висока цена.

Маникир со дијаманти од 51.000 долари

Дијамантски маникир

Дијаманти од вкупно 10 карати се поставуваат врз врвовите на ноктите. Овој најскап маникир на светот го нуди компанијата „Cherish…Me“.

Контактни леќи од злато и дијаманти за 15.000 долари

Леќи од злато и дијаманти

Леќите се произведени од злато и 18 мали дијаманти во Индија. Компанијата којашто стои зад овие луксузни леќи изработила само 3.996 пара.

Вештачки трепки со злато и дијаманти за 1.350 долари

Вешатачки трепки од злато и дијаманти

Пред неколку месеци „Kre At“ создаде вештачки трепки од 18-каратно злато и дијаманти за оние кои сакаат да го привлечат вниманието кон своите очи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.