Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Најдебелиот мачор на светот? Сунѓерот Боб почна диета

ФОТО: Најдебелиот мачор на светот? Сунѓерот Боб почна диета

Проблем со дебелината може да имаат и животните, особено домашните миленичиња кои обожаваат да се излежуваат и кои постојано имаат пристап до храна. Сунѓерот Боб (Sponge Bob) е можеби најдебелиот мачор на светот.

Кендра го држи Сунѓерот БобКендра го држи Сунѓерот Боб

Кога првпат бил измерен, деветгодишниот портокалов мачор тежел 15 килограми, односно колку просечно тригодишно дете. Обемот на стомакот на дебелиот мачор е еден метар и речиси 30 сантиметри.

Сунѓерот Боб се здебелил бидејќи неговата сопственичка била премногу стара и изнемоштена за да ја регулира неговата исхрана. Откако таа заминала во старечки дом, мачорот бил однесен во центар за животни.

„Ја отворивме кутијата и 10-15 души стоевме, зјапајќи. Тој е најголемата мачка којашто ја имаме видено“ – изјавила Кендра Мара од непрофитабилната организација која се грижи за напуштени миленичиња.

Кендра го држи Сунѓерот Боб

Со цел да ја намалат неговата тежина за да избегнат здравствени проблеми, во центарот за згрижување на животни го ставиле Боб на диета и веќе ослабел околу 2 килограми. Од центарот се надеваат дека Боб наскоро ќе биде посвоен.

Минатиот месец почина најдебелиот мачор на светот кој имаше речиси 18 килограми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.