Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: На грбот си ги истетовирала ликовите од цртаниот филм со Снежана

ФОТО: На грбот си ги истетовирала ликовите од цртаниот филм со Снежана

Сите растевме со бајките на Дизни и сè уште ни се будат убави спомени кога ќе ги видиме имагинативните ликови од цртаните филмови од детството. Енфеј Као од Тајван одлучила својата омилена бајка да ја претвори во уметничко дело кое ќе го носи засекогаш на својот грб.

Енфеј Као

27-годишната обожавателка на бајката за Снежана и седумте џуџиња си ги истетовирала сите ликови од омилениот цртан филм. За тетоважата да биде целосно завршена биле потребни три месеци, и Као признава дека воопшто не било лесно, затоа што чувствувала голема болка.

Енфеј Као

Но, таа е пресреќна што успеала да издржи и да го финишира она што било нејзина неостварена желба. Со колоритната тетоважа Као го освоила првото место на меѓународен тату собир одржан во Сингапур.

Енфеј Као

„Мотивот за тетоважата започна во сон. Тој ме потсетува на моето детство и мојата љубов кон Снежана затоа што таа е толку убава. Кога бев дете си замислував дека сум Снежана во бајка, па ми изгледаше како добро нешто што ќе биде истетовирано на мојот грб. Многу сум среќна што ќе ја имам на мене засекогаш – ме потсетува на принцески сон“ – изјавила Као и открила дека и семејството и пријателите ја поддржале целосно за да си ја оствари желбата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10606 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.