Меган Маркл со одушевување е прифатена од британската јавност. Само неколку дена по објавувањето на нејзината свршувачка со принцот Хари, холивудската актерка се појави на првата кралска должност.
Парот накратко поразговара и се поздрави со дел од стотиците луѓе кои ги пречекаа во Нотингем.









За првото појавување заедно како претставници на кралското семејство, тие беа стилски координирани со долги темносини палта. Палтото на Меган е дело на брендот Mackage.











36-годишната актерка и 33-годишниот принц се вериле на почетокот на минатиот месец, кога тој ја побара за жена со прстен кој сам го дизајнираше. Свадбата е закажана за во мај следната година.
