Војвотката Кетрин и принцот Вилијам ја пратија својата ќеркичка во градинка. Младиот кралски пар објави фотографии од слатката принцеза од денот кога таа за првпат ја посети градинката во близина на Кенсингтонската палата.
Облечена во бордо палтенце и обувки во иста нијанса, Шарлот со неодолива насмевка позираше пред фото-објективот зад кој застана нејзината мајка.


Принцезата Шарлот се роди на 2 мај 2015 година.

Минатата година, Кетрин и Вилијам споделија и фотографии од првиот ден на училиште на принцот Џорџ.


Славната двојка напролет го очекува раѓањето на своето трето дете.