Романтичарот Ксиао Фан покажал колку многу ја сака својата девојка Јин Ми со креативен предлог за брак. Со помош на пријатели, тој изработил фустан од црвени рози и еден ден пред Св. Валентин ја побарал Јин за жена на истото место каде што се запознале три години претходно.
Јин Ми во фустанот од рози
Среќниот пар решил да ги сподели романтичните моменти и да учествува во натпревар за Св. Валентин, во којшто парови ги откривале своите најромантични изненадувања.
Јин и Фан
„Знаев дека ме очекува изненадување. Но, бев пресреќна кога го видов фустанот. Се разбира, веднаш реков да“ – изјавила Јин.
		

