Зоран Заев заедно со сопругата Зорица присуствуваше на дипломатски прием организиран од Доналд Трамп, во рамките на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Пред фотографите, 42-годишниот македонски премиер со сопругата позираше покрај 71-годишниот претседател на САД и неговата сопруга Меланија. Фотографијата од средбата, Заев ја објави на своите профили на Facebook и Twitter.
„Дипломатскиот прием организиран од претседателот Трамп во чест на 72. ГС на ОН е убава можност за зацврстување на пријателствата и остварување идни соработки во интерес на нашите држави“ – напиша тој во описот на Facebook.
Меланија шармираше во елегантно црно фустанче, додека Зорица избра креација во шампањ боја.
