Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО/ВИДЕО: Најгрдото куче на светот за 2012

ФОТО/ВИДЕО: Најгрдото куче на светот за 2012

Кучето Магли ја доби титулата „Најгрдо куче на светот за 2012“. Со своите натажени очи, бели долги и заплетени влакна по лицето и неправилна муцка, британското куче ги освои присутните и судиите.

МаглиКучето Магли

„Не можев да зборувам кога го изговорија името Магли. Не знаев на која страна да се погледнам. Треперев исто колку и кучето“ – изјавила сопственичката на Магли, Бев Николсон.

МаглиКучето Магли

Магли бил напуштен од своите први сопственици, потоа преживеал напад од тинејџери, но сега може спокојно да ужива, бидејќи е во добри раце.

Освен новата непривлечна титула, Магли добил и трофеј, 1000 долари награда и кучешка храна за една година. Но, ова не е првпат Магли да добие награда поради неговиот неатрактивен изглед. Во 2005 година Магли бил прогласен за „Најгрдо куче во Велика Британија“.

Оваа година вкупно 29 кучиња се натпреварувале во Калифорнија.

Натпреварувачи за неславната титула Натпреварувачи за неславната титула Натпреварувачи за неславната титула

Иако натпреварот од една страна може да изгледа суров, тој има добра цел – да ја подигне свеста за напуштените кучиња и да ги поттикне луѓето да посвојуваат миленици од центрите за згрижување на бездомни кучиња. Исто така, спонзорите на натпреварот собираат средства за потпомагање на организациите кои се борат за заштита на правата на животните.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11486 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.