Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Веселата атмосфера на Фестивалот за деца во Skopje City Mall

ФОТО: Веселата атмосфера на Фестивалот за деца во Skopje City Mall

Детски џагор, среќни лица, весели насмевки и задоволни родители можеа да се видат викендов на Фестивалот за деца во Skopje City Mall. Тридневната програма исполнета со натпревари, Талент-шоу, работилници, LEGO турнири, PS4 турнири, Dance show и многу други активности, создаде весела атмосфера и го исполни трговскиот центар со насмеани посетители.

Фестивалот за деца во Skopje City Mall Фестивалот за деца во Skopje City Mall

Во рамки на Kids Festival беше организирано Талент шоу-то, каде се избираа млади фото модели и таленти по пеење, танцување, глума и јутјубери. Фановите на социјалните мрежи ќе можат да гласаат за најдобрите фотомодели или пак за најдобрите видеа со таленти. Гласањето е веќе започнато и ќе трае заклучно со 08.12.2017 23:59. Најлајкуваните 12 фотомодели (6 машки и 6 женски) ќе бидат вклучени во наредните детски кампањи на Skopje City Mall и ќе добијат пригодни подароци, а исто така ќе бидат наградени и најдобрите 6 видеа (по 3 од двете возрасни категории). За да гласате за Вашите фаворити посетете ја фан страната www.facebook.com/SkopjeCityMall/ и дадете го Вашиот глас (лајк) за фотомодел или талент видео.

Фестивалот за деца во Skopje City Mall Фестивалот за деца во Skopje City Mall Фестивалот за деца во Skopje City Mall

Додека децата се забавуваа, родителите ги посетија продавниците во шопинг центарот и го искористија големиот попуст од -20% до -70% кој важеше во 28 продавници за време на фестивалот.

Повеќе информации може да најдете на www.skopjecitymall.mk/kidsfestival, а фотографиите од настанот погледнете ги на https://www.facebook.com/SkopjeCityMall/.

Фестивалот за деца во Skopje City Mall Фестивалот за деца во Skopje City Mall Фестивалот за деца во Skopje City Mall Фестивалот за деца во Skopje City Mall Фестивалот за деца во Skopje City Mall

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.