Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Бившиот ја тужи жената со 1.200 пара обувки за дел од колекцијата

ФОТО: Бившиот ја тужи жената со 1.200 пара обувки за дел од колекцијата

Се сеќавате на жената која поседува 1.200 пара дизајнерски обувки? Бет Шек е позната по тоа што професионално се занимава со покер, но и по тоа што поседува импресивна колекција од преку илјада пара обувки.

Бет Шек

Но, пребирливата колекционерка сега можеби ќе треба да се раздели со 35% од својата голема колекција, поради тужба од нејзиниот поранешен сопруг. Даниел Шек, со кого Бет се разведе пред три години, тврди дека за време на разводот не знаел за колекцијата која вреди 1.000.000 долари и дека научил за луксузното хоби на својата сопруга дури 2 години по нивната разделба. Наводно Бет ја криела колекцијата во тајна просторија.

Бет со своите син, ќерка и новиот партнерБет со синот, ќерката и новиот партнер Бет Шек Бет Шек Бет Шек

Бет со насмевка ги прифаќа тврдењата на својот сопруг. „Тој вели дека не знаел дека постои плакарот во нашата спална“ – изјавила таа за New York Post.

Бет Шек

Во тужбата се вели дека Даниел, кој неодамна претрпел големи финансиски загуби како менаџер на хеџ-фондови, научил за колекцијата минатото лето и сега смета дека му следува дел од неа, поточно 350.000 долари. „Ден ѝ веруваше на својата сопруга и не го прегледуваше домот со цел да се обиде да пронајде инвентар или тајни соби“ – се вели во тужбата.

Бет Шек Бет Шек Бет Шек

Колекцијата на Бет е далеку позната. Неколкупати телевизиски екипи го имаат посетувано нејзиниот дом со цел одблиску да ѕирнат во нејзините големи плакари. Очигледно омилен дизајнер на Бет е Кристијан Лобутин, бидејќи таа поседува дури 700 пара обувки кои се производ на неговиот креативен ум.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.