Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: H&M „залепи“ глави од реални модели на виртуелни тела

ФОТО: H&M „залепи“ глави од реални модели на виртуелни тела

Сигурно многупати сте си помислиле дека телата на моделите кои ги гледате на интернет и во рекламите не се реални. Сега има и доказ со кој би можеле да го поткрепите таквото размислување. Шведскиот бренд H&M призна дека телата на манекенките кои ги користи на својот сајт се создадени компјутерски, а врз нив се поставени глави на реални жени-модели.

Модели на H&MИсто тело, различна глава

„Тоа не е реално тело, целосно е виртуелно и направено од компјутер. Ги фотографираме облеките на кукла и потоа создаваме човечки изглед со компјутерска програма. Не се работи за идеали или за да покажеме совршено тело... го правиме ова за да ја изложиме облеката“ – изјавил Хакан Андерсон, претставник на H&M задолжен за односи со јавноста.

Скандинавските медиуми го критикуваат ваквиот потег на H&M и тврдат дека компанијата има толку високи стандарди за изгледот на манекенките што не може да пронајде жени кои имаат и соодветно лице и соодветно тело за да ги рекламираат нивните производи. Експертите тврдат дека вака се искривува претставата за изгледот на женското тело.

Модели на H&M

Уште еден доказ дека моделите во рекламите не треба да ги гледаме како примери за идеален изглед.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.