Почетна » Новости » Занимливости » Фатиме Фетаи против насилството врз жените: Со самото тоа што си маж, ти немаш право да примениш насилство

Фатиме Фетаи против насилството врз жените: Со самото тоа што си маж, ти немаш право да примениш насилство

Фатиме Фетаи се бори против насилството врз жени и девојчиња. Во рамките на кампањата „Вклучи се. Со срце за секоја една“, специјалната јавна обвинителка сними видео во кое со моќна порака се обидува да го запре малтретирањето на припадничките на понежниот пол.

„Со самото тоа што си жена, ти со ништо не си заслужила да бидеш жртва на насилство. Со самото тоа што си маж, ти немаш апсолутно никакво право да примениш насилство. Во оној момент кога ќе одлучиш да примениш насилство, присети се дека и ти си роден од жена и дека твојата ќерка, твојата принцеза, еден ден ќе биде нечија жена. Примената на насилство не е израз на надмоќ и доминација, туку на нивно реално отсуство. Ние како општество, доколку не преземеме ништо, стануваме соучесници во насилството врз жени. Ударот на една, е удар на целото општество. Удар на секоја една, е удар на секој еден од нас“ – е пораката на Фетаи.

ВИДЕО:

Бројни јавни личности и политичари се вклучија во кампањата, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, водителот Огнен Јанески, активистката Ана Јовковска, амбасадорот Џес Бејли и музичарите од Next Time.

!

Насилството врз жените е глобална пандемија. За разлика од болестите, за неа нема лек, но има начини да се спречи пред да се случи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.