Почетна » Новости » Занимливости » Трејлер: Бри Ларсон станува готвачка која ги предизвикува стереотипите за жените во серијата „Лекции по хемија“

Трејлер: Бри Ларсон станува готвачка која ги предизвикува стереотипите за жените во серијата „Лекции по хемија“

Бри Ларсон влезе во улогата на Елизабет Зот за новата серија „Лекции по хемија“, снимена по истоимениот бестселер на Бони Гармус.

Во серијата, чие дејство се одвива во раните 50-ти години на минатиот век, Бри сонува да биде хемичарка, но во патријархалното општество во кое живее нејзиниот сон е ставен на пауза. Таа станува готвачка во ТВ емисија, па започнува да го користи својот глас за да ги предизвика стереотипите за жените и да му се спротивстави на сексизмот.

Книгата „Лекции по хемија“ ги освои читателите низ светот минатата година, а авторката била поттикната да ја напише од трудољубивите, но потценети жени од генерацијата на нејзината мајка.

„Ја имав на ум цела генерација на мајка ми кога ја пишував оваа книга. Мајка ми не ја инспирираше Елизабет Зот. Наместо тоа, ја создадов Елизабет Зот во нејзина чест и во чест на сите други жени чии соништа беа ставени на втор план од општеството кое инсистирало дека се неспособни да станат нешто повеќе од просечна домаќинка“ – рекла Гармус во интервју за The Guardian.

Лекции по хемија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11333 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.