Почетна » Новости » Занимливости » „Ти си продукт на нашите срца“: Моментот кога добитник на Нобелова награда им ја кажува веста на родителите

„Ти си продукт на нашите срца“: Моментот кога добитник на Нобелова награда им ја кажува веста на родителите

Сладок момент, кога добитник на Нобелова награда им ја соопштува убавата вест на родителите, растопува срца на интернет.

Во видеото, американскиот имунолог Дру Вајсман разговара со мајка си и татко си, кажувајќи им дека ја доби престижната награда за своите достигнувања во областа на медицината.

„Ох, колку чудесно. Не знам што да речам, подготвена сум да паднам на подот. Успеа, а толку си млад. Честитки, душо. Ти си продуктот на нашите срца, Дру. Честитки и го заслужи тоа“ – му вели мајка му, понесена од среќа.

Покрај Дру, оваа година Нобеловата награда за медицина ја доби и Унгарката Каталин Карико. Тие беа почестени за нивниот придонес во развојот на мРНА вакцините против КОВИД.

Тие се одликувани „за нивните откритија за промените во нуклеобазите што овозможија развој на ефективни вакцини со мРНА против ковид-19“ – соопштија од Нобеловиот комитет во Стокхолм.

Нобелова награда Нобелова награда Нобелова награда Нобелова награда

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11531 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.