Почетна » Новости » Занимливости » „Ти не ми си мајка, излегувај“: Јелена Ѓоковиќ зборуваше за искуства како мајка на две деца и сподели совети

„Ти не ми си мајка, излегувај“: Јелена Ѓоковиќ зборуваше за искуства како мајка на две деца и сподели совети

Јелена Ѓоковиќ неуморно се залага за свесно родителство и за поголема почит кон личноста на детето. Taa во изминатиов период беше многу актуелна со промоцијата на документарниот филм на доктор Габор Мате „Мудроста на траумата“, кој ги обработува токму тие теми.

37-годишната сопруга на најдобриот српски тенисер гостуваше во емисија на телевизијата K1, каде сподели многу нешта од своето родителско патување и свои искуства како мајка на Стефан и Тара.

Јелена Ѓоковиќ Јелена Ѓоковиќ

Основачката на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ зборуваше за влијанието на траумите од детството врз личноста во која детето ќе прерасне, за прифаќањето на емоциите на детето и за тоа дека не постои прирачник за совршено родителство.

Јелена, како и секој родител, знае дека не е совршена и дека прави грешки. Во емисијата, раскажа за случка кога се соочила со голема болка што ќерката Тара ѝ рекла дека не ѝ е мајка.

„Моите деца се многу различни, уште од раѓањето. Кога првпат станав мајка со Стефан, тој беше измачено дете. Имаше мајка која мислеше дека ја совладала цела теорија на светот, а кога дојде праксата, дојде до умор, неизвесност и секоја грешка беше како крај на светот. Првото дете обично настрадува, секој родител по првото дете малку ги спушта строгите правила. Јас имам две деца, па до второто малку напредував.“

„Тара е потполно поразлична...“ – рекла Јелена и раскажала дека таа има цврст карактер и поради тоа честопати имаат несогласувања.

Еднаш се скаравме пред спиење, бидејќи таа не сакаше да легне кога јас ќе ѝ кажам. Мене тоа не ми се допаѓа, бидејќи тоа е рутина и знаеме кога си легнуваме и сега јас треба да ја бркам. Тогаш таа намерно ги облече ролерите за да вози низ куќата. Тоа е недопустливо во мојата глава и на крајот седнавме и таа ми рече: ‘Ти не ми си мене мајка. Излези од тоалетот’, само затоа што ѝ реков да си ги измие забите.

Потоа ѝ реков дека повеќе би сакала да го поминев времето во гушкање и галење отколку во молење за се среди. Таа ми беше многу лута, а меѓу останатото, реченицата дека не ѝ сум мајка многу ме заболе, но на крајот се смиривме и ми заспа во прегратка. Тоа е знак дека и јас немам формула. Не знам дали постои идеален брак, пријателство, работа, деловен соработник. Во секоја човечка интеракција мора да има конфликти, несогласувања кои можеме мирно да ги решиме, а не со агресија, ќотек, одземање на сè.

Јелена Ѓоковиќ

Ставот на Јелена е дека сите родители имаат потреба од помош од околината во одгледувањето на децата, дека е потребно цело село за да се израсне едно дете.

Сите цицачи го делат родителството, тоа е природа. Сите се собираме околу едно младенче. Треба цело село за да се израснат младите, а ние тој начин на размислување го сведовме на мајка и татко, само градинка, школо, тренинзи. Ја изгубивме блискоста.“

„Дали моите деца имаат трауми? И тоа како, ни јас не сум совршен родител и баш се фаќам себеси во многу ситуации кога сум можела да постапам подобро. Мислам дека тоа се многу добри моменти кога децата ме поставуваат каде што ми е местото...

Јелена напомена дека многу од нас не сакаат да зборуваат за бесот и лутината, бидејќи цел живот сме тренирани да велиме дека имаме среќно детство и да не се жалиме.

Сите ние сме воспитани и тренирани да веруваме дека имавме среќно детство. Треба да им бидеме благодарни на родителите, на топлиот дом. Ако кажеме дека нешто ни смета, не значи дека не сме благодарни, туку само решаваме нешто што оставило длабока трага и што нè погодува, што можеби нè прави лути, бесни или нервозни.“

„Често зборуваме на тема емоционална писменост со цел да ја разбиеме таа табу тема дека бесот и лутината се нешто што луѓето не смеат да го изразат. Неколку пати се случуваа работи каде луѓето избегнуваа да кажат дека се лути. Зошто? Затоа што како мали бевме научени да имаме прифатливи и неприфатливи емоции.“

„Не треба да чекаме војна за да разговараме за траумите. Децата секојдневно доживуваат некои стресни ситуации кои стануваат трауматични за нив ако се осамени во тоа. Ако родителот не го сфати сериозно детето кое има проблем, тоа сè помалку ќе доаѓа кај родителот и ќе му се доверува, затоа што детето започнува да ја губи довербата... Она што треба да го направиме во тие моменти е да одговориме на неговите потреби. А кои се неговите потреби? Да биде видено и таа емоција да биде прифатена.“

„Постојат два вида екстремности во родителството. Она кое е авторитативно, традиционално, каде детето нема права. Имаме многу реченици кои ви се познати на сите вам, бидејќи пораснавме во тоа општество, а потоа дојдовме во некоја друга екстремност на попустливо родителство, каде не постојат граници и детето може сè. Ни едното, ни другото не се добри.“

„На детето му требаат граници, бидејќи тоа значи љубов, насочување, поврзаност, чувствување на ситуацијата. Ако на убав начин му се постават граници на детето, не зборуваме за етикетирање, казнување, заканување, условување, зборуваме за здрав возрасен човек, кој себеси се научил на ред и може да одговори на потребите на детето.

Новак Ѓоковиќ

Најпрво таа истакна дека е навикната да биде осудувана од луѓето како сопруга на Новак и дека многу често не е сериозно сфатена, како и дека не се обидува да ги учи луѓето, туку само споделува свои искуства.

Јелена Ѓоковиќ

Се разбира дека бев судена на различни начини и понатаму сум во центарот на вниманието дали добро сум се облекла, насмеала или сум рекла нешто што смеам или не смеам, незавидна позиција за една млада жена. Доделено ми е интересно патување и морам да се снаоѓам најдобро што можам.“

„Некои луѓе кои ме гледаат само како сопруга на Новак, можат да го доживеат она што го зборувам како некој вид паметување, а јас само сакам со луѓето да ги споделам моите искуства. Постои еден впечаток дека на луѓето кои имаат пари им е полесно. Напротив, не им е. Ние сме уште повеќе збунети, бидејќи сега мораме да знаеме сè, бидејќи ги имаме тие пари и можности, но не. Тие пари некако ги зголемуваат нашите стравови, сомнежи.

Бидејќи многумина, па и водителот на емисијата, ја сметаат за блага и мила личност, Јелена рече:

„Јас себеси не се замислувам како блага личност, туку како некоја врба, онака мала и тенка, која ветровите ја кршат, но никако да ја скршат.“

Јелена Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12015 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.