Почетна » Новости » Занимливости » „Тешкотиите не нè дефинираат“: Инспиративната Турија Пит со сопругот и малите синчиња во фотосесија

„Тешкотиите не нè дефинираат“: Инспиративната Турија Пит со сопругот и малите синчиња во фотосесија

Турија Пит сними прекрасна фотосесија со малите синчиња и сопругот за октомвриското издание на „Women’s Weekly“.

33-годишната Австралијка, која беше жртва на пожар за време на маратон во 2011 година, со широка насмевка позираше покрај 2-годишниот Хакаваи, 9-месечниот Рахити и саканиот Мајкл Хоскин, кој никогаш не помислил да ја напушти и бил постојано покрај неа по несреќата.

Турија Пит Турија Пит Турија Пит

За време на пожарот, Турија се здобила со изгореници на 65% од нејзиното тело и изгубила 7 прсти. За време на нејзиниот престој во болницата имала 200 операции, но ништо од тоа не ја спречило да го создаде семејството што отсекогаш го посакувала и сега е среќна сопруга и мајка на две деца.

Турија Пит Турија Пит

На почетокот од годината, таа ја издаде книгата „Happy“.

Во интервјуто за „Women’s Weekly“, таа зборуваше за мајчинството и за желбите кои ги има за нејзините деца.

„Кога бев бремена со Хакаваи, бев многу загрижена за моите мајчински вештини. Ќе помислев на мајка ми, која беше најгрижливата жена, полна со љубов и емпатија. А потоа ќе помислев на мене и ќе си речев себеси дека никогаш нема да бидам толку добра како што беше мајка ми. Сè уште мислам дека никој не е подобар од мајка ми, но сега, кога сум мајка, можам да ги видам сите тие грижливи квалитети во мене. Тие се пренесуваат“.

„Мајчинството дефинитивно ме омекна, ме направи погрижлива, ме направи посочувствителна и ми се допаѓаат сите овие квалитети. Ми се допаѓа оваа мајчинска верзија од Турија. Исто така, мајчинството направи да ја ценам мајка ми. Сфаќаш дека ова се чувствата кои моите родители ги имале кон мене. Откако станав родител, со мајка ми дефинитивно се зближивме“.

Турија Пит Турија Пит

За желбите за нејзините деца, Турија вели:

„Сакам моите деца да пораснат со силна верба во себе и да знаат дека ако нешто посакуваат, можат и да го остварат. Сакам да знаат дека тешкотиите ни се случуваат на сите нас, но тие не нè дефинираат. Сакам да бидат нежни и добри човечки суштества, да бидат љубезни кон другите луѓе, да им помагаат на луѓето. Сакам тие да ја имаат способноста да си поставуваат цели и да преземаат чекори за да работат на нивно остварување. Сакам да знаат дека ако се потрудат, сè е возможно“.

„Не можеме да ги оформиме во формата која посакуваме да ја имаат. Претпоставувам дека да се биде родител е да можеш да забележиш кои се тие, кои се нивните таленти и да ги негуваш“.

Турија Пит Турија Пит

Турија првпат се појави на насловната страница на „Women’s Weekly“ во 2014 година.

Турија Пит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11158 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.