Почетна » Новости » Животни стории » Инспиративна жртва на пожар која не се очекувало да преживее го роди своето второ дете

Инспиративна жртва на пожар која не се очекувало да преживее го роди своето второ дете

Турија Пит е вистинска инспирација. Иако пред 9 години докторите не очекувале дека ќе преживее, таа ги надмина нивните очекувања и пред два дена го роди своето второ дете.

32-годишната Австралијка, која денес е мотивациски говорник, ја сподели среќната вест на социјалните мрежи заедно со фотографии од бебенцето. Турија и нејзиниот вереник Мајкл Хоскин се родители и на 2-годишен син. Мајкл во ниту еден момент не помислил да ја напушти својата сакана и беше покрај неа во секоја битка.

View this post on Instagram

Maeva i te ao nei! Welcome to the world Rahiti

A post shared by Turia (@turiapitt) on

Турија Пит Турија Пит Турија Пит Турија Пит Турија Пит

Турија се здобила со изгореници на 65% од нејзиното тело и изгубила 7 прсти на рацете во септември 2011 година додека трчала ултрамаратон од 100 км во Западна Австралија. Таа се нашла сред пожар кој се ширел со огромна брзина.

Турија Пит Турија Пит Турија Пит Турија Пит

Поради сериозноста на повредите, морала да помине две недели во индуцирана кома, пет месеци во болница и 200 операции, но успеала да преживее.

„Никогаш не сум видел пациент со толку длабоки изгореници да преживее. Никогаш“ – изјавил нејзиниот доктор.

Турија Пит

И не само што преживеала. По излегувањето од болница, Турија повторно се вратила на активниот начин на живот, поставувајќи си цел да трча на најтешката трка „Ironman“. Таа е убедена дека секој може да постигне во животот сè што ќе посака.

„Без разлика дали е трка, или нешто друго што сакате да го постигнете, НАПРАВЕТЕ ГО. Секој може да направи сè. Сè може да се постигне ако ги претворите вашите цели во мали чекори и ако можете да прифатите дека нема да биде секогаш лесно“ – вели таа.

„Мислам дека тајната е во тоа да се откажете од вашите идеали за иднината. Многу луѓе мислат дека кога ќе ослабат 20 кг, ќе ја добијат работата од соништата, или кога ќе постигнат Х нешто, тие ќе се претворат во личноста која секогаш посакувале да бидат. Мојата порака е да се откажете од тоа и да сфатите што имате и на што сте способни денес. Изберете да бидете активни во сегашноста, во сегашниот момент. Сè што треба да направите е да изберете да живеете сега, додека можете. Мојот пријател вели: ‘Секој ќе умре, но нема секој вистински да живее’“ – советува Турија.

Турија Пит Турија Пит Турија Пит Турија Пит Турија Пит Турија Пит

Раѓањето на нејзиниот прв син, Хакаваи, целосно ја променило како личност. Минатиот месец, таа сними фотосесија за Stellar, а во интервјуто зборуваше за мајчинството.

„Повеќе немам желба да се натпреварувам на Ironman. Раѓањето бебе ме промени и кога стануваш мајка, брзо сфаќаш дека целиот твој живот се собира околу децата. Не сакам да трчам пет часа без престан. Знам колку е скапоцен животот и попрво би била со син ми.“

„Мислев дека можам да го живеам мојот живот и да поминувам време со Хакаваи, но тој е мојот живот во моментов. Немав појма дека ќе биде така“ – рекла Турија.

Турија Пит Турија Пит

„Мајчинството се менува секој ден. Некои денови се радосни, некои се неверојатни, некои се нервозни, во некои немаш трпение за партнерот и си истоштена. Мајчинството дефинитивно не е лесна работа.“

„Морам да прифатам дека не може да правиме сè одлично. Некогаш ќе бидеш одлична во работата, но нема да бидеш дома, другпат ќе бидеш одлична дома, но ќе бидеш слаба во работата или тренингот. Никој не може да има 10 од 10 во сите области од животот“ – додала таа во интервјуто.

Турија Пит Турија Пит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.