Добивањето на две бебенца наместо едно било изненадување за фотографот Гај Вајнер и неговата сопруга. Тие биле тотално неподготвени за хаосот што настанува по раѓањето на близначиња, но наскоро пронашле начин како да се забавуваат и покрај предизвиците и заморните секојдневни обврски околу двете синчиња. Креативниот татко започнал да ги користи близначињата, сопругата и семејните кучиња како модели за забавни фотографии.
„Како фотограф, сакам моите деца да ги имаат најдобрите можни фотографии, а само јас и мојата сопруга можеме да го направиме тоа. Проектот започна со само една фотографија и заживеа оттогаш“ – вели таткото. Притоа, тој напоменува дека ниту близначињата, ниту животните на фотографиите, не биле донесени во опасност за време на фотографирањето.
Вообичаено менување на пелени

Кога децата ќе се изводенат и мораш да ги исушиш

Денот беше жежок, а климата не работеше

Уапсени беа за тероризирање на двајца невини родители

Како е навистина да се биде родител

Кога мама е уморна може да добие помош од семејните кучиња

Ги учам момчињата како да се бричат

Децата веќе започнаа да го земаат автомобилот

Им дадовме на децата пари. Нѐ сфатија посериозно од тоа што очекувавме

Им купивме мотори, како можевме да знаеме дека ќе основаат моторџиска банда?

Интересна ли е книгата? Не знам, има чуден вкус

Кога ги храниш децата со јогурт и боровинки

Кога мама и тато се обидуваат да дремнат

Кога мама и тато ќе те фрлат превисоко

Кога на мама и на тато ќе им се смачи да не ги распознаваат близнаците

Кога наутро правам омлет, имам двајца мали асистенти

Кога родителите играат на плејстејшн, а децата чистат

Бодибилдинг со близнаците

Кога ќе речам дека моите деца се терористи, навистина го мислам тоа

Лубеници!!!

Мама и тато се обложуваа кој ќе биде побрз

Мамоо! Децааа!

Мислев дека е паметно да ги научам да се борат

Моите близнаци се подготвуваат да го освојат светот

Не грижи се тато, ние ќе средиме

Не можевме да најдеме дадилка, па моравме да ги земеме со нас

Ова е Спарта!!!!

Повикување на лифтот

Реплика на Систинската капела

Сега фотографираме ние

Си ја видел ли мачката? Не, избега штом ме виде

Тука никој нема да го пронајде

Ќе се бориме на земја... Ќе се бориме на море... Никогаш нема да се предадеме

Утре е празник. Јас и момчињата сме задолжени за месото

Циркуски тренинг

Шах-мат
