Годините не се никаква пречка за прабабата Мери Хардисон, која покажа дека во неа се кријат младешки дух и енергија. 101-годишната Американка вчера влезе во Гинисовата книга на рекордите бидејќи е најстарата жена која летнала во тандем со параглајдер.
Мери Хардисон
Храбрата бабичка летнала со инструктор на 1 септември минатата година, додека членовите на нејзиното семејство со ококорени очи го следеле нејзиниот смел подвиг.
Мери Хардисон со своето семејство
Хардисон посакала да лета со параглајдер затоа што нејзиниот 75-годишен син започнал да лета за разонода.
„Не сакам мојот син да прави нешто што јас не можам“ – изјавила таа и признала дека се изненадила кога дознала дека поставила рекорд.
„За мене тоа беше како да одам на едно обично летање. Не знаев дека срушувам рекорд“ – дополнила Мери.
Желба на Мери е старите луѓе да бидат поактивни и да не се плашат да се впуштаат во авантури додека имаат можност.
„Моја желба е постарите луѓе да не застануваат, да прават работи сè додека се физички способни за тоа. Бидете позитивни“ – рекла таа.
		
