Почетна » Новости » Занимливости » Сродни души: Биле најдобри другари на 5 години, сега се венчаа и за свадбата пресоздадоа слатка фотографија од детството

Сродни души: Биле најдобри другари на 5 години, сега се венчаа и за свадбата пресоздадоа слатка фотографија од детството

Љубовната приказна на Натали Кроу и Остин Татман освојува срца ширум светот. Од најдобри другари во детството, тие неодамна станаа брачни партнери кои допрва ќе пишуваат ново заедничко поглавје во своите животи.

Имено, Натали и Остин се запознале на 5-годишна возраст во градинка. Уште од првиот ден, тие биле неразделни и правеле сè заедно. Нивната поврзаност предизвикувала восхит кај најблиските и сите кои ги познавале.

натали Кроу и Остин Татман натали Кроу и Остин Татман

Но, животот ги пратил на различни патишта. Натали со нејзините родители се преселила од Флорида во Конектикат и тие изгубиле секаков контакт.

натали Кроу и Остин Татман натали Кроу и Остин Татман натали Кроу и Остин Татман

Повеќе од една деценија подоцна, Натали се сетила на Остин и го побарала на социјалните мрежи, по што започнале да се допишуваат. Нивната повторна средба била 12 години по нивната разделба и по само неколку часа поминати во разговори, тие знаеле дека им е судено да бидат заедно.

„Откако поминавме малку време насамо, знаев дека Остин ми е сродна душа“ – вели Натали.

натали Кроу и Остин Татман

По неколкугодишна врска на далечина, Остин ја запроси Натали со помош на нејзиното семејство.

натали Кроу и Остин Татман

На свадбата, среќните младенци пресоздадоа слатка фотографија од детството.

натали Кроу и Остин Татман натали Кроу и Остин Татман натали Кроу и Остин Татман натали Кроу и Остин Татман натали Кроу и Остин Татман

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11065 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.