Почетна » Новости » Занимливости » Со писмо 86-годишна баба ја советува својата внука за сексот и љубовта

Со писмо 86-годишна баба ја советува својата внука за сексот и љубовта

Откако осумдесет и шестгодишната баба Кармела забележала дека нејзината внука е во сериозна врска, ѝ подготвила кратко писмо со детални совети за љубовта и сексот. Потпирајќи се на своето долгогодишно искуство, смелата бабичка преку писмото ја подучува внуката Алисон Дениско како да си избере маж и како да ужива во сексот. „Многу мажи се СВИЊИ. Сакаат секс секој ден“, „Никогаш, никогаш не прави АНАЛЕН секс!“ и „Немој да се мажиш за некој со помислата: Па, секогаш можам да се разведам ако не сум среќна“ се само дел од советите на Кармела за мажите, сексот и љубовта.

Бабата Кармела и внуката АлисонБабата Кармела и внуката Алисон

Писмото е објавено на интернет од Алисон и советите на баба Кармела веднаш привлекоа огромно внимание. Ако сте љубопитни, еве ги советите во целост:

  1. За да знаеш дека сте двајцата заљубени еден во друг, треба да почувствуваш „поврзаност“ кога сте в кревет. Ако се чувствуваш САМА в кревет додека имате секс, тогаш си со ПОГРЕШНИОТ маж. Тоа е ПРЕСУДНО! Поврзаноста на умот, телото и душата!
  2. Постои вистинска љубов каква што сите посакуваат, но не ја доживуваат сите – се нарекува „сродни души“, духовна, натприродна. Тоа е највисоката форма на љубов – тоа е религиозно чувство. Да го имаш пронајдено Бог. Знаеш веднаш, „љубов на прв поглед“. Знаеш дека тој е за тебе и дека тој е твојот вистински сопруг и тој знае дека ти си неговата идна жена.
  3. За време на секс кога жената не ужива, силно препорачувам жената да дојде одгоре, над мажот. Тоа секогаш успева, жената доживува оргазам и задоволство. Ако тој сака да ти прави орален секс, уживај!
  4. Секогаш биди сигурна дека неговиот пенис е ЧИСТ. Осигури се дека се измил со сапун и вода пред да дојде в кревет.
  5. Многу мажи се СВИЊИ. Сакаат секс секој ден! Не си обврзана да кажеш „да“ за да го задоволиш ако не си расположена. Никогаш не прави нешто ако навистина не го сакаш. За да ја скротиш свињата, дај ѝ рачна стимулација!
  6. Никогаш, никогаш не прави АНАЛЕН секс! Може да добиеш некоја болест, особено ако по аналниот, тој премине на вагинален. Исто така, и ОРАЛНИОТ секс е опасен ако има исеченици во твојата уста или меури. Мажите го обожаваат. Не ја голтај неговата СПЕРМА! Може да добиеш СПБ. Нема лек за херпес. Хламидијата и гонорејата немаат симптоми и може да те остават стерилна. Двајцата ќе имате потреба од антибиотици!
  7. Некои мажи ејакулираат предвреме. Тоа е многу фрустрирачки и лошо за жената. Тој мора да научи да се контролира додека жената не сврши.
  8. Треба да има предигра за да се подготви девојката. Како што ќе старееш и ќе стануваш поискусна, ќе можеш да го прескокнуваш сето тоа и сè ќе завршува за 7 минути.
  9. Можеби веќе ги знаеш сите овие совети. Се надевам дека ќе ти бидат корисни. Те сакам и не сакам да направиш грешка. Никогаш не се мажи за некој со помислата „Па, секогаш можам да се разведам ако не сум среќна“. Кога има деца, никогаш не си разведена. Поранешниот сопруг секогаш ќе биде во твојот живот, па затоа биди сигурна дека се мажиш за вистинскиот.
  10. Никогаш не си дозволувај да се омажиш за некој што ќе се злоупотребува со контролирање. Кога еден маж сака, постои почит. Тој ќе биде горд со тебе и со твоите постигнувања, а не љубоморен. Нема да има потреба да го знае секој твој чекор или пак да те држи подалеку од пријателите и семејството. Гледај тој да доаѓа од среќно семејство со мајка и татко кои имаат добар брак.
  11. Никогаш, никогаш не му кажувај на твоето момче ако имаш некаква заштеда, наследство или за твојата плата откако ќе дипломираш. Некои мажи бараат жена со пари. Немам почит за таквите мажи! Ако е влезен во минус на кредитната картичка, откачи го веднаш! Дискутирај ги финансиите само со мажот со кого сакаш да стапиш во брак.
  12. Ако се состануваш со маж кој е „стегнат“ и го брои секој денар, а ти сакаш да трошиш, вашата врска никогаш нема да успее, освен ако и ти не си економична, па да можеш да се прилагодиш на него.
  13. Кога се состануваш со нов маж, не се чувствувај принудена да имаш секс со него само затоа што ти платил вечера. За да го избегнеш ова, плати си за својата вечера. Вие само се запознавате. Не си бездомничка која има потреба од оброк.
  14. Биди среќна, биди со некој со кого уживаш и без кого не можеш да живееш. Почитувај го. Пази се од женкари, пијаници!
  15. Ако не е сигурен дали е подготвен за обврзување, ОТКАЧИ ГО. Без изговори.
  16. Се надевам дека ќе ја пронајдеш среќата која ја заслужуваш. Треба да има љубов, почит, адмирација, доверба и психичка и физичка поврзаност. Ако ја пронајдеш вистинската љубов, ќе живееш среќно до крајот на својот живот. Тоа е вистина.

Со љубов,

Баба Кармела

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11522 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.