Petite Fashion Week во Мадрид помина во знакот на инклузијата и разноликоста. Организаторите решија да вклучат учесници со Даунов синдром, кои дефилираа на модната писта во Cibeles Palace во Мадрид. Моделите со Даунов синдром доаѓаат од „Garrigou Foundation“, фондација лоцирана во главниот град на Шпанија, чија цел е да им помага во образовниот процес на децата и младите со посебни потреби.


Од Фондацијата истакнуваат дека за нив е особено важно да пронаоѓаат начини на вклучување на децата и младите кои се различни, како и да им овозможат шанси да се претстават себеси како рамноправни учесници во општеството. Токму затоа, поканата од организаторите на Petite Fashion Week ја прифатиле со радост и како одлична можност за дечињата со Даунов синдром.



Средствата од Petite Fashion Week ќе бидат донирани во фондациите „Garrigou“ и „Prodis“, која исто така се занимава со овозможување и подобрување на образованието на личностите со посебни потреби и потешкотии при учењето.
Погледнете како изгледаа дечињата со Даунов синдром на модната писта во Мадрид:

















