Секое детенце сонува за совршен роденден исполнет со забава и роденденска торта со омилениот лик од цртаните филмови.
Колку и да сакаат родителите да им ги остварат сите желби на своите малечки, понекогаш тоа може да биде невозможна мисија.
Пред неколку месеци, родители од Обединетите Арапски Емирати нарачале торта со ликот на Мини Маус за нивната ќеркичка, но тоа што го добиле воопшто не наликувало на омилениот Дизни лик на малото девојче.

Откако се распространија фотографиите од кулинарската утка, поголемиот брат на девојчето изјавил: „Тортата беше за мојата мала сестра за нејзиниот роденден. На почетокот, тоа беше ужасен шок за нас, но откако ја објавив фотографијата на Twitter, се смеев поради реакциите на луѓето“.


