Почетна » Новости » Занимливости » Сладок предлог за брак: Маж ја запроси саканата и нејзините четири деца со пет прстени

Сладок предлог за брак: Маж ја запроси саканата и нејзините четири деца со пет прстени

Кога е човек заљубен, прави романтични нешта.

Џошуа Ренауд од САД ѝ предложи брак на саканата Британи со помош на нејзините четири деца, а слаткиот момент беше овековечен со видео кое ќе стане прекрасен спомен за целото семејство.

Во него, Џош и четирите деца носат маици на кои пишува: „Дали може да го викаме Џош ‘Тато’?“, додека тој е клекнат на едно колено држејќи го прстенот во раката.

Широка насмевка блика на лицето на среќната мајка и идна сопруга кога ќе ги здогледа сите заедно.

„Британи, ти ми покажа таква љубов, каква што никогаш не мислев дека можам да почувствувам и ќе ми биде чест да бидам твој сопруг и ‘татко’ на овие деца“ – ѝ вели Џош на Британи, која радосно го прифаќа неговиот предлог.

Но, Џош не ги заборави и децата. Тој повторно клекна на едно колено и подарувајќи им прстени им го поставуваше истото прашање.

@jrenaud03 Part 2… The Proposal! Check the comments for more details… #engagement#family#kids#proposal#proposingwithkids#fyp#fyp#fypageシ#foryou#foryoupage#fypage#husband#wife#fiance#dad#stepdad#dadlife#happy#bestdayevere ♬ Love - Revember

„Бев комплетно во шок. Имавме дискутирано за брак, но не мислев дека навистина ќе ми предложи. Само што се свртив и го прочитав прашањето, знаев што се случува. Се прашував дали нозете ќе издржат да ме однесат до другиот крај на собата бидејќи не ги чувствував“ – објаснила Британи.

„Знаев дека чекорам кон мажот кој ќе стане не само мој сопруг, туку и татко на моите прекрасни деца. Гледајќи ја љубовта во нивните очи и возбудата на нивните лица, инстaнатно бев преправена со емоции“ – дополнила таа.

Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак

Очувот на Џош на истиот начин ѝ предложил брак на неговата мајка, кога тој имал само четири години. Затоа, Џош знаел дека ова е вистинскиот начин на кој треба да ја побара Британи за жена.

Предлог за брак Предлог за брак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.