Почетна » Новости » Занимливости » Славни кучиња и нивните уште пославни сопственички

Славни кучиња и нивните уште пославни сопственички

Дали сте и вие љубител на кучињата? Некои од најславните дами на светот биле исто така вљубени во своите миленичиња. Запознајте седум моќни жени и кучињата кои ја споделиле нивната слава!

Одри Хепберн

Господин Славен (Mr. Famous) е името на Јоркширскиот териер на стилската икона Одри Хепберн. Ѕвездата на филмот „Breakfast at Tiffany’s“, освен за популаризирањето на „малиот црн фустан“ е заслужна за уште еден тренд. Станува збор токму за расата Јоркширски териер, која станува особено популарна откако малото пријателче на Одри Хепберн започна да ја придружува насекаде.

Всушност, господинот Славен се појавува заедно со Хепберн во сцена од филмот „Funny Face“. По смртта на кученцето, за време на снимањето на филмот „The Children’s Hour“, актерката како подарок од нејзиниот прв сопруг, Мел Ферер, добила уште еден Јоркширски териер.

славни кучиња славни кучиња славни кучиња славни кучиња

Мерилин Монро

Уште една славна дама којашто била вистински вљубеник во кучињата е Мерилин Монро. Во текот на својот живот, Мерилин имала повеќе кучиња од различни раси. Маф е името на нејзиниот последен миленик, кученцето од расата Малтешки териер. Маф бил подарок за Мерилин од Френк Синатра, а актерката шеговито го нарекла Мафија.

Кученцето ѝ било дадено на Мерилин кратко пред нејзината смрт. Мерилин и Маф останале заедно само 18 месеци, до август 1962 година. За време на овој период, Маф ја придружувал својата сопственичка во Холивуд, Њујорк и Мексико. По нејзината смрт, Маф бил посвоен од секретарката на Френк Синатра.

славни кучиња славни кучиња славни кучиња

Грејс Кели

Принцезата на Монако, Грејс Кели, била исто така љубител на животните. Особено ѝ се допаѓала расата Вајмарски птичар. Конечно, пред нејзината свадба со принцот на Монако во 1956 година, Кели добила од својот брат вакво кученце како свадбен подарок.

Пред да се пресели во Монако, Кели постојано си играла со своето куче. Го понела со себе во Монако и кучето станало неразделно од Принцезата. Луѓето велеле дека Кели и птичарот совршено си одговарале еден на друг според манирите и префинетите движења и дека нејзиниот брат покажал извонреден талент при избирањето на свадбен подарок за својата сестра.

славни кучиња славни кучиња славни кучиња

Натали Вуд

Ѕвездата на филмовите „Splendor in the Grass“ и „Rebel Without a Cause“, актерката Натали Вуд, била позната како страстен љубител на мачките, сѐ додека во нејзиниот живот не пристигнале двете пудлици: Фифи и Утринска ѕвезда (Morning Star).

Втората ѝ била дадена како подарок од нејзината мајка, а оттогаш станала верен придружник на актерката и нејзин моден додадок на многу фотографии. Таа била толку многу поврзана со своите кучиња, што некои велеле дека Вуд зборува за нив, исто толку колку што зборува за своите ќерки. По смртта на Вуд, кученцата им припаднале на нејзините ќерки. Блиска пријателка на Вуд изјавила дека едно од кученцата, долго по смртта на Вуд, сѐ уште стоело пред спалната соба на актерката.

славни кучиња славни кучиња славни кучиња славни кучиња

Брижит Бардо

Славната Французинка е сѐ уште еден од најактивните борци за заштита на правата на животните. Таа ја користела својата слава во интерес на правата на животните уште пред нејзиното официјално повлекување од шоу-бизнисот. Во 1986 година, Бардо основала своја фондација за заштита на животните (Brigitte Bardot Foundation for the Welfare and Protection of Animals). Првичното финансирање на Фондацијата, Бардо го направила преку продавање на накит и други сопствени предмети, кои заедно чинеле преку 3 милиони франци.

Нејзиниот активизам ѝ донел повеќе спорови, меѓу кои и оној во 2011 година, кога Бардо се залагала за правата на куче кое нападнало 4-годишно девојче. Имала повеќе миленичиња во текот на својот живот, меѓу кои и кученцето Убава (Guapa). Бардо му дала име на шпански поради тоа што го пронашла во Шпанија, каде го спасила од деца кои го малтретирале. Бардо го чувала ова куче цели 15 години, а имала и црн Кокер шпаниел со име Кловн (Clown), кој ѝ го подарил тогашниот сопруг, режисерот Роџер Вадим.

славни кучиња славни кучиња славни кучиња славни кучиња славни кучиња

Елизабет Тејлор

Елизабет Тејлор е позната по многу нешта: прекрасните виолетови очи, легендарниот моден стил, ненадминатиот актерски талент, нејзините осум бракови... Сепак, позната е и по уште едно нешто! Некои ја нарекуваат најгламурозниот холивудски љубител на кучиња. Позната е нејзината изјава дека некои од најдобрите мажи кои ја воделе биле кучиња или коњи. И покрај бурниот живот, постојано следен од папараци, изгледа дека Тејлор секогаш имала време за своите миленичиња.

славни кучиња

Кога Тејлор и нејзиниот сопруг Ричард Бартон поради снимање морале да престојуваат во Англија, Тејлор ги понела со себе своите кучиња. Откако дознала дека во Англија било задолжително кучињата што доаѓаат од надвор да поминат 6 месеци во карантин поради опасност од беснило, Тејлор одбила да се раздели од нив. Остроумната актерка изнајмила јахта на реката Темза, на која престојувале нејзините кучиња. Така успеала да се придржува до законот дека странски кучиња не смеат да „стапнат на британска почва“ без да бидат задржани во карантин. Нејзините кучиња никогаш не излегле на копно, но Тејлор потрошила преку 138. 000 долари за таа цел.

славни кучиња славни кучиња

Кралицата Елизабета II

Велшки корги е расата којашто е преку седумдесет години омилена во британското кралско семејство, а кралицата Елизабета II е особено вљубена во овие слатки кучиња.Тие биле нејзината омилена раса уште од 1933 година. Мајката на Кралицата вовела посебен режим за кучињата кои живееле во Бекингамската палата. Тие спиеле во посебни кошници, јаделе посебни оброци подготвени од тим од врвни нутриционисти и готвачи, им се служела посебна храна на празници и прослави, добивале одредена ужина во одреден дел од денот...

Во 1944 година, кралицата Елизабета II добила корги како подарок за својот 18 роденден. Кучето се викало Сузан и ги придружувало Елизабет и принцот Филип на нивниот меден месец во 1947 година. Сите следни кучиња во животот на Елизабет се потомци на Сузан. Токму затоа Сузан е често нарекувана матријарх на цела династија корги. Во 2012 година, три од кученцата на кралицата Елизабета учествувале во симулацијата на сцена од филм со Џејмс Бонд. Актерот Даниел Крег, кој беше тогашниот Џејмс Бонд, се појави во Бекингамската палата, придружен од три кучиња, со мисија да ја однесе Кралицата на церемонијата за отворањето на Летната Олимпијада.

славни кучиња славни кучиња славни кучиња

Во ноември 2015 година, беше објавено дека Кралицата има уште две корги кучиња. Во јули истата година, Кралицата сподели дека веќе нема да ги размножува своите кучиња бидејќи не сака да ги остава по нејзината смрт.

славни кучиња славни кучиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.