Почетна » Новости » Занимливости » „Сите мислеа дека се повеќе бебиња“: Мајка го роди своето петто бебе тешко 6,6 кг и постави рекорд во болницата

„Сите мислеа дека се повеќе бебиња“: Мајка го роди своето петто бебе тешко 6,6 кг и постави рекорд во болницата

Пар од Онтарио го доби петтото дете, кое постави вистински рекорд во болницата во којашто се роди.

Синчето на Бритни и Шанс Ејрес дојде на овој свет со тежина од 6,577 грама и беше прогласено за најтешкото бебе во историјата на болницата Cambridge Memorial.

Среќните родители споделија фотографии и открија дека новороденчето го добило името Сони.

„Никогаш не ми требаа пелени за новороденчиња“ – изјавила мајката и дополнила дека Сони веднаш започна да носи облека за бебиња на 6-месечна возраст.

Сони

Бритни признала дека секој кој ќе ја сретнел додека била бремена мислел дека носи повеќе бебиња.

„Не ми недостига да бидам бремена. Каде и да одев, добивав прашања како: ‘Колку бебиња носиш?’. Морав да објаснувам дека не се повеќе бебиња, туку дека е само едно големо бебе“ – изјавила Бритни.

Сони

Според информациите на родителите, Сони има голем апетит и пие повеќе млеко отколку што обично му е потребно на едно новороденче.

„Сестрата ми подаде две шишенца и ми рече ‘можеби нема да го заврши второто, но обиди се’. Па, Сони ги испи двете шишиња и веднаш заспа. Кога се врати сестрата, не можеше да поверува. Таа ми рече дека едно бебе нормално пие по 20 милилитри, а Сони испи 90“ – објаснила мајката, која се породила со царски рез.

Сони

Бритни и Шанс имаат уште четири други деца: 6-годишниот Шанс, 5-годишниот Еверет, 3-годишниот Лаки и 18-месечната Мериголд.

Лаки и Мариголд исто тежеле повеќе од 5 килограми, а Еверет се родил најмал со тежина од 4 килограми.

Сони

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.