Две сестри кои биле бремени во исто време и се породиле на ист ден и во иста болница, ги прославија првите родендени на нивните ќеркички со фотосесија.


Кори Тејлбот и Кејти Морган дознале дека се бремени пред божиќните празници во 2015 година. Откако Кори ѝ ја соопштила среќната вест на Кејти, таа ѝ признала дека има своја тајна. „Сестра ми ми рече: Морам и јас да ти кажам нешто. И јас сум бремена и не кажував на никого две недели за да ги изненадам сите на божиќното утро. За малку ќе се онесвестев, бидејќи не можев да поверувам“ – раскажала Кори.
И двете се породиле на 10 август минатата година во период од 20 минути.
Една година подоцна, тие ја пресоздале фотосесијата која ја направиле во текот на бременоста.


„Постојано велиме дека е одлично што сме мајки заедно“ – изјавиле сестрите кои живеат на оддалеченост од 5 минути и заедно ги растат своите деца.

