Почетна » Новости » Занимливости » Септолете тотал ја слави благородноста на просветните работници

Септолете тотал ја слави благородноста на просветните работници

Септолете Тотал додели благодарници на наставници за исклучителен придонес и позитивни практики во образовниот систем

Септолете тотал ја слави моќта на здравото грло и вербата дека здравото грло може да инспирира, мотивира, поддржи или охрабри некого. За да ја поздрави учителската професија и сиот личен влог на учителите трпеливо да постапуваат кон учениците, Септолете тотал им додели благодарници на неколку истакнати просветни работиници за нивното активно вложување во професијата и напор кон издигнување на млади генерации ученици.

Милена Кузмановска, наставничка на првачиња во О.У. Коле Неделковски – Скопје, во септември оваа година пречека нова генерација првачиња кои ќе ги води низ процесот на нивно формирање како здрави личности: „Благодарност до Септолете тотал за ова признание! Ми претставува голема чест што ме издвоија како поединец кој мотивира, инспирира и поттикнува добро однесување кај останатите. Тоа го правам за моите ученици!“

Милена КузмановскаМилена Кузмановска

Елизабета Пејкоска, наставничка во О.У. Вера Јоциќ во населба Хиподром - Скопје, е особено истакнат пример на поединец кој ја користи моќта на своето грло да ги храбри и воспитува своите ученици, опсипувајќи ги со благост и добрина! Родителите со радост ја предложија Бети како некој што најмногу ја заслужува оваа благодарност.

Елизабета ПејкоскаЕлизабета Пејкоска

Септолете тотал е со Бети и сите оние кои се вложуваат во издигнување на добри и здрави генерации!

Учителот е пример кој нè инспирира и охрабрува да се стремиме кон поголеми успеси, да живееме до нашиот најголем потенцијал и да го видиме најдоброто во себе. Модел кому му се восхитуваме и чиј очекувања се стремиме да ги оправдаме. Ние учиме преку нив, преку нивната посветеност и нивната способност да нè натераат да го оствариме нашиот личен развој.

Во шест до осум часа дневно, наставникот е еден од највлијателните луѓе во животот на учениците. По нивните родители, децата прво учат од нив, во годините на своето образование. Тие ги водат учениците преку уште една важна транзиција: адолесценција. Како што децата стануваат млади возрасни, наставниците се тука да им одговорат на нивните прашања, да ги слушнат нивните проблеми и да ги воведат во новата фаза од нивниот живот. Тие не само што ги гледаат нашите деца како растат, туку и им помагат да растат.

Тоа е основната идеја позади платфорамата на Септолете тотал – Твоето грло е твоја моќ! – да ја слави моќта на здравото грло и свесниот избор да се вложи во негување на културата на меѓусебна помош и поддршка, позитивен став и трепние кое ги охрабрува и останатите да бидат позитивни примери.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11103 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.