Алина Загитова го освои златото на Европското првенство во уметничко лизгање. Со спектакуларен настап на музика од балетот „Дон Кихот“, 15-годишната Русинка го достигна врвното место.

„Се разбира дека сум среќна што сум европска шампионска, сакам да продолжам“ – изјави таа.
Загитова ја остави зад себе својата сонародничка Евгенија Медведева, која се закити со сребрен медал. „Сребро е сребро. Не можам да ја потценам вредноста на медал“ – изјави 18-годишната Медведева по враќањето на мразот по тешка повреда.
Италијанката Каролина Костнер застана на третото место. 30-годишната спортистка го освои бронзениот медал со следната изведба: