Почетна » Новости » Занимливости » Секоја чест! Пензиониран учител со подвижна библиотека ја буди љубовта кон книгите кај малите деца

Секоја чест! Пензиониран учител со подвижна библиотека ја буди љубовта кон книгите кај малите деца

Антонио Ла Кава на уникатен начин ја буди љубовта кон пишаниот збор кај најмалите.

Пензионираниот учител го претвори своето комбе во подвижна библиотека со која го привлекува вниманието на малите деца и ги поттикнува да читаат книги.

Посветениот Италијанец го прилагоди своето возило, за да може да постави полици за книгите и го нарече „Библиомобил“. Сите книги се негова лична инвестиција.

Веќе 16 години, Антонио секоја недела поминува осум различни села во италијанската покраина Базиликата, овозможувајќи им на децата од посиромашните предели да откриваат нови светови и приказни низ книгите.

Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава

„Го поминав својот живот работејќи со најмладите, поттикнувајќи ги повеќе да читаат, а сега одлучив да направам нешто конкретно и да им ги носам книгите директно во рацете“ – вели Ла Кава.

„Книгите се од суштинско значење. Без книги, детето честопати е осамено” – додава Антонио.

Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава

Антонио објаснува дека бил разочаран што луѓето во Италија не читаат доволно книги. „Бев огорчен, како граѓанин и како учител, поради идејата дека стареам во земја во која луѓето слабо читаат. Библиомобилот е создаден со идејата да се подигне свеста за оваа опасност. Не можеме да се одречеме од радоста која ни ја дава книгата“ – изјавил тој.

Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава

Антонио ги инспирира децата и сами да пишуваат книги и потоа нивните дела им ги носи на децата од други села.

ВИДЕО

Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава Антонио Ла Кава

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.