Почетна » Новости » Занимливости » Секоја чест! Босанец им помага на сиромашни лица подарувајќи им бесплатна облека

Секоја чест! Босанец им помага на сиромашни лица подарувајќи им бесплатна облека

Некои луѓе заслужуваат поклон до земја. Маж од Босна и Херцеговина, кој и самиот растел во сиромашно семејство, им помага на лица во тешка финансиска состојба подарувајќи им бесплатна облека.

Дино Ченгај од Травник поседува продавница за половна облека, каде може да се купат панталони и блузи за 1 до 5 конвертибилни марки, а за сите оние кои не можат да си дозволат финансиски трошоци, добродушниот маж од свој џеб ги покрива трошоците.

Дино

„Имав тежок живот, па затоа кога го стекнав ова чувствував дека немам право да заборавам на сè. Не сакав да им вртам глава на случаите на кои им треба помош. Ја отворив продавницата пред 8 години и целта ми е да ја држам цената на гардеробата на минимално ниво. Само да ги покријам трошоците за набавка на робата, да платам кирија и вработени. Редовно објавувам на мојата страница дека на секој на кој му е потребна облека, а не може да си ја дозволи, да дојде овде да си земе и јас тоа го плаќам во касата“ – вели Дино.

Тој најчесто им помага на родителите на мали деца, подарувајќи им облека за нивните малечки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.