Почетна » Новости » Занимливости » Сè за да ја направи среќна: Татко се облече како балерина за да танцува со ќеркичката на приредба

Сè за да ја направи среќна: Татко се облече како балерина за да танцува со ќеркичката на приредба

Татко, кој се облече како балерина и танцуваше само за да ја усреќи својата ќеркичка, добива пофалби од сите страни на светот.

Сакајќи да биде дел од секој период од животот на својата ќеркичка, Тан Тран прифатил да учествува во балетската приредба на ќерка си Адријана.

Фотографии од подготовките за претставата за кратко време се распространија на интернет и Тран стана вирален хит.

Тран со ќерка си

„Учествуваш во секоја вечер за родителите, без разлика за што се работи – дури и кога се бара од тебе да носиш здолниште со тул за балетска вечер. Нема да лажам, листовите на нозете и прстите ми се згрчуваа. Беше родителска ноќ во балетската школа на ќерка ми. Таа ме замоли да танцувам со неа, бидејќи мајка ѝ е во седмиот месец од бременоста (и сметаше дека ќе биде смешно да ме гледа додека се обидувам да ги направам балетските движења). Секое дете имаше покрај себе по еден родител (претежно мајки), а јас бев еден од двајцата татковци кои учествуваа во часот – и единствениот кој се облече соодветно. Таа мислеше дека ќе биде навистина смешно да го види татко си во здолниште со тул, па јас се согласив, за да ја усреќам. Беше многу горда на мене и 20-тина пати ми кажа дека ме сака. Знаев колку ѝ значи и знаев дека ќе направиме спомени. Таа го сфаќа балетот многу сериозно, и го практикува 3-4 пати неделно. Беше навистина убаво кога ја гледав како се смее за време на часот. Не би го пропуштил тоа за ништо на светот“ – стои во постот на Facebook.

„Ти си одличен пример за голем човек и пример за тоа што значи да се биде татко. Сеќавањата кои ги создаде со неа се бесценети и таа ќе ги помни до крајот на нејзиниот живот. Одлична работа!“, „Речиси секој маж може да има дете, но само специјален маж може да биде ТАТКО!“ – се дел од позитивните коментари кои пристигнаа на адресата на Тан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.