Леа Роуз и Ава Мери го освоија Instagram за само неколку месеци. 7-годишните идентични близначки се често нарекувани „најубавите девојчиња на светот“, а нивниот заеднички профил има над 236.000 следбеници.
Неразделните сестри веќе имаат потпишано договор со две модни агенции и сѐ почесто се појавуваат во рекламни кампањи.





Мајката за првпат се обидела да ги воведе близначките во светот на модата кога тие имале само 6 месеци, но набрзо се откажала, бидејќи сфатила дека нема да може да постигне да ги балансира новите обврски со обврските околу малиот син кој тогаш имал 2 години. Кога на 7.7.2017 година близначките наполниле 7 години, мајката, верувајќи дека 7 е среќен број, решила да се обиде повторно. „Им ја презентирав на девојчињата мојата идеја дали тие би сакале, покрај неделните часови по танцување и тренинзи по пливање, да се обидат со моделство. Воопшто не се изненадив кога тие започнаа да скокаат и не можеа да дочекаат да започнат“ – раскажува таа.
Профилот на Instagram им помогнал на девојчињата побрзо да стигнат до славата. Само пред Нова година, слатките сестри имале околу десетина модни ангажмани.



























