Почетна » Новости » Занимливости » „Ресторанот на згрешени нарачки“: Ресторан вработува лица со деменција кои грешат оброци, но освојуваат срца

„Ресторанот на згрешени нарачки“: Ресторан вработува лица со деменција кои грешат оброци, но освојуваат срца

Постои ресторан во Јапонија во кој нема да се налутите дури и ако ви донесат сосем поразлична порција од нарачаната.

„Ресторанот на згрешени нарачки“ од Токио вработува лица со деменција кои иако ги забораваат нарачките, мамат слатки насмевки кај сите посетители.

Од угостителскиот објект велат дека 37% од порачките се погрешно доставени, но дека 99% од нивните гости си заминуваат среќни и задоволни.

Ресторанот на згрешени нарачки Ресторанот на згрешени нарачки

Сопственикот и основач Широ Огуни вели дека ресторанот го отворил со цел да ја подигнува свеста и емпатијата кај луѓето и да покаже дека лицата со деменција се сè уште способни за работа.

Ова им помага и на вработените да се чувствуваат корисно и продуктивно, да се социјализираат и да комуницираат за полесно ќе ја пребродат осаменоста и депресијата, која може да доведе до влошување на состојбата.

Ресторанот на згрешени нарачки Ресторанот на згрешени нарачки Ресторанот на згрешени нарачки Ресторанот на згрешени нарачки Ресторанот на згрешени нарачки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11599 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.