Почетна » Новости » Занимливости » Ресторан ги казнува гостите кои нема да изедат сè што ќе нарачаат

Ресторан ги казнува гостите кои нема да изедат сè што ќе нарачаат

Колку пати кога сте со друштво во ресторан сте нарачале неколку јадења, а потоа сте успеале да испразните само една чинија? Повеќето луѓе оставаат голема количина храна неизедена, а таа најчесто завршува в канта. Ретко обрнуваме внимание на расипничкиот однос кој го имаме кон храната, сè додека некој не нè укори за тоа.

Сè повеќе ресторани низ светот започнуваат да размислуваат на таа проблематика, а некои веќе имаат и интересни решенија. Ако не ја дојадете својата порција во ресторанот „Marmar“ во Саудиска Арабија, ќе се соочите со парична казна. Ресторанот има казни за оние кои се алчни и не ја ценат доволно храната.

Ресторан

Сопственикот Фахан Ал Анези објаснил дека ваквите казни ги вовел со цел да се спречи фрлањето на храна. Тој редовно гледал како неговите клиенти нарачуваат премногу храна само за ги импресионираат луѓето околу нив, а потоа ја оставаат во чиниите.

Казните се симболични и се одредуваат според количината на остатоците од порциите, а биле воведени по објавувањето на вестите за страшниот глад која ја зафати Сомалија. Дел од парите кои се собрани преку казните во ресторанот се донирани во хуманитарни организации кои се обидуваат да им помогнат на земјите кои имаат проблеми со гладот.

Нестандардната идеја е добро прифатена од гостите во ресторанот. „Тоа е добра идеја сè додека парите се за добри цели, за хуманитарни цели. Си ја научив лекцијата за наредниот пат. Ќе нарачувам само онолку колку што можам да изедам“ – изјавил еден од нив.

Всушност, ресторанот „Marmar“ е само еден од многуте ресторани низ Азија кои со помош на парични казни се обидуваат да го намалат фрлањето на храна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.