Раскошната свадба на Ксенија Царицина и Алексеј Шаповалов го привлече вниманието на светската јавност. Луксузната свадбена прослава, на која 27-годишниот модел и рускиот милијардер се заколнаа на вечна љубов, се одржа во хотелот „Barvikha Luxury Village“ во Москва.
Атрактивната невеста блесна во волуменозна венчаница која беше магнет за погледи.
Ксенија и Алексеј се заедно пет години и имаат две деца. Прстенот со кој богатиот бизнисмен ја запроси познатата манекенка е од 70 каратен дијамант и вреди вртоглави 8 милиони долари.
Свадбената торта беше вистинска сензација на прославата.
Ксенија подоцна се пресоблече во уште два невестински фустани.