Почетна » Новости » Занимливости » Претседателот Пендаровски се сретна со 12-годишниот Ајдин од Босна и уживаше во неговата изведба на „Зајди Зајди“

Претседателот Пендаровски се сретна со 12-годишниот Ајдин од Босна и уживаше во неговата изведба на „Зајди Зајди“

Талентираниот Ајдин Османовиќ и неговиот ментор Јасмин Брашњиќ од Босна и Херцеговина беа гости кај македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Ајдин Османовиќ Ајдин Османовиќ

12-годишното момче со волшебен глас и неговиот професор постојано ги оживуваат звуците на македонската народна музика и привлекуваат само комплименти. Ајдин ја изведе „Зајди Зајди“, а Пендаровски уживаше во неговото пеење.

Ајдин Османовиќ Ајдин Османовиќ

„Волшебен глас и волшебна насмевка го одликуваат младиот Ајдин Османовиќ, од Сребреник, Босна и Херцеговина. 12 годишниот Ајдин фасцинира со изведбата на македонски традиционални песни. Меѓу омилените му се „Јано мори“, „Македонско девојче“, „Зајди Зајди“, „Јовано Јованке“. Вели дека не му е тешко да пее на македонски, иако не му е мајчин јазик. Ајдин поседува талент кој несомнено ќе му донесе големи успеси“ – напиша Претседателот.

Ајдин Османовиќ Ајдин Османовиќ Ајдин Османовиќ Ајдин Османовиќ

Брашњиќ се заблагодари во свое име и во име на Ајдин. На Facebook, тој напиша:

„Со големо задоволство ви ја изразувам мојата искрена благодарност за времето и исклучителното признание што ни го доделивте за придонесот во зачувувањето на македонската традиционална народна уметност. Вашиот гест не само што ни е исклучително важен и ценет, тој всушност претставува голема чест за нас, но и за целата уметничка заедница.“

„Со малиот Ајдин се обидовме да ги оживееме тие прекрасни звуци и мелодии. Преку нашата уметничка работа, сакавме да ја пренесеме душата на македонската народна музика низ светот, за да им го привлечеме вниманието на младите генерации и со тоа да ги поттикнеме да го ценат ова единствено културно наследство.“

„Во име на малиот Ајдин и во мое лично име можам да ви ветам дека ќе ја продолжиме нашата мисија, следејќи го патот што го трасираа големите уметници пред нас“.

Ајдин Османовиќ Ајдин Османовиќ Ајдин Османовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11201 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.