Почетна » Новости » Занимливости » Предновогодишна забава во Веро Центарот во Скопје

Предновогодишна забава во Веро Центарот во Скопје

Од 22 до 30 декември во Веро центарот во Скопје ќе се организираат интересни забавни содржини за сите, а особено за најмладите.

Во пресрет на Божиќните и Новогодишните празници, Веро Центарот најавува весела претпразнична атмосфера со разновидни забавни активности и многу изненадувања за своите потрошувачи, на што особено ќе се израдуваат дечињата.

Детска театарска претстава во Веро ЦентаротДетска театарска претстава во Веро Центарот

Во Веро Центарот во Скопје, во периодот од 22 до 30 декември, ќе биде подготвена богата празнична програма. Од 28 до 30 декември, во точно одредени периоди, посетителите ќе можат да уживаат во прекрасната музичка изведба на Божиќниот хор, која ќе креира уникатна празнична атмосфера. Дечињата ќе имаат можност да присуствуваат на возбудливите претстави на детскиот театар од 22 до 29 декември, како и на специјално подготвената детска новогодишна забава на 25 декември во 17 часот. Но, Веро тука нема да престане да ги изненадува своите потрошувачи. Во периодот од 22 до 30 декември, потрошувачите во Веро Супермаркетот ќе имаат можност да станат добитници на награди на најнеобичен начин, со балон кој ќе долета токму во нивните раце.

Дел од празничната атмосфера во Веро Центарот во СкопјеДел од празничната атмосфера во Веро Центарот во Скопје

„Божиќните и Новогодишните празници се ближат, а со нив расте и желбата да ги израдуваме нашите најблиски, особено најмладите членови на семејството. Овие празници нè асоцираат на забава, семејна радост и меѓусебно дружење, па овие забавно-едукативни активности во Веро Центарот ги организиравме токму за да им пружиме незаборавни моменти и весели празнични мигови на нашите потрошувачи. Се надеваме дека ќе ги израдуваме детските срца и ќе измамиме што е можно повеќе детски насмевки“ - изјави Костас Теодосијадис – генерален директор на Веро.

Подгответе се за пријатни изненадувања со Веро и уживајте во магијата на празниците кои следат!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.