Почетна » Новости » Занимливости » Пред и Потоа: Plus-size модели преку фотографии ја покажуваат моќта на Фотошоп

Пред и Потоа: Plus-size модели преку фотографии ја покажуваат моќта на Фотошоп

Дијана Сирокаи и Кали Торп се стремат да ги инспирираат жените да си ги сакат своите тела со сите несовршености и да не дозволат „беспрекорните“ фотографии на социјалните мрежи и во списанијата да им ја „погазат“ самодовербата.

Plus-size моделите споделија фотографии пред и по Фотошоп, за да ја покажат моќта на едитирањето и трансформацијата која може да се постигне со дигитална обработка.

На фотографиите, Дијана и Кали позираат по долна облека. На едната, тие се прикажани во реално издание, а на другата, се видно ослабени и „измазнети“ без целулит и стрии.

Дијана и Кали Дијана и Кали

„Јас и Кали Торп ја замоливме фотографката Кариза да употреби Фотошоп на нашите фотографии. Морам да кажам дека изгледаме прекрасно во двете верзии. Целта на ова е да ви покажеме на сите вас како списанијата и медиумите ја носат дигиталната обработка на следното ниво. Моделите и славните личности дури не ни личат на себе. Живееме во многу лажен свет, време е да го вратиме вистинскиот назад“ – пишува Дијана во описот.

„Не е чудно што жените се наоружани со несигурност. Со години сме биле подложени на совршено измазнети и често едитирани фотографии низ медиумите“ – вели Кали. „Сметам дека јас и Дијана сме совршени такви какви што сме... Ние сакаме да им покажеме на жените дека е во ред да изгледаме ‘нормално’ и да имаме целулит, стрии и стомачиња кои не се рамни и тонирани“ – објаснила таа.

„Биди среќен со тоа што си и со кожата во која си“ – е нивното мото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.