Почетна » Новости » Занимливости » Прегратката од саканите е најважна: Божиќна реклама со неодоливи мечиња ќе ви го згрее срцето

Прегратката од саканите е најважна: Божиќна реклама со неодоливи мечиња ќе ви го згрее срцето

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ ја објави новата божиќна реклама. Ѕвезди на рекламата се неодоливите мечиња Дорис и Едвард, кои ги запознавме минатата година, но овој пат приказната е сосем поинаква.

Во рекламата ретроспективно ги гледаме емотивните средби на мечињата на аеродром, секоја година за Божиќ. Видеото го прикажува моментот на запознавање, кога Едвард бил патник, а Дорис стјуардеса, потоа ја следи нивната љубовна приказна и постепеното проширување на нивното слатко семејство.

На крајот, Едвард носталгично гледа фотографија од себе и од Дорис додека патува со авион. Штом пристигнува на аеродромот и кон неговите раширени раце притрчуваат Дорис и нивните деца и внуци, слатките мечиња се претвораат во луѓе.

Идејата е да се потенцира дека за време на празниците, секој посакува да биде во прегратката на своите најсакани.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.