Почетна » Новости » Занимливости » „Празнична желба“: Видео за болно девојче покажува дека и малите добри дела можат да значат многу

„Празнична желба“: Видео за болно девојче покажува дека и малите добри дела можат да значат многу

Видео за болно девојче кое се сретнува со „Дедо Мраз“ во болничкиот ходник ќе ви го стопли срцето.

Малата Еми е принудена да ги помине празниците во болница, но нејзиното срце ќе се исполни со радост и надеж откако ќе сретне болничар, кој таа верува дека е Дедо Мраз. Болничарот ѝ вели да ги затвори очите и со еден потег го трансформира болничкиот ходник во вистинско празнично волшепство за малите пациенти.

На крајот од видеото, болничарот наоѓа порака во која пишува: „Ви благодариме што сте таму за нашата ќерка“.

Рекламата е дело на Teleflora, компанија за нарачки и достава на цвеќиња. Оваа година Teleflora соработуваше со непрофитната организација Make-A-Wish, која им помага на критично болни деца да си ги исполнат желбите.

Секој може да придонесе во движењето на социјалните мрежи #WishOutLoud, преку лајкување и споделување на нивната објава.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11386 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.